Се чека ревизија од Градежен факултет за да почне изградбата на Скопје-Блаце

Се чека ревизијата од страна на Градежниот факултет за да може да се објави тендер за првите два километри од автопатот Скопје-Блаце. Министерот на транспорт, Сугарески информираше дека веднаш штом ќе заврши ревизијата Јавното претпријатие за Државни патишта ќе го објави тендерот.
Стои на ставот дека првите два километри ќе почнат да се градат оваа година, за кои веќе се обезбедени пари. Во моментот се прави и студија за останатите 10,5 километри.
Во моментот се прави и анализа за приватизација на МЖ-Транспорт. Според Сугарески, таа треба да биде готова на есен, па дури тогаш ќе се знае како ќе се одвива целиот процес.
Надлежните се задоволни од искористеноста на електронските картички на наплатните станици на автопатските делници.
Даниел Василев
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
