Заврши Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево
![]()
Со концерт на екс-ју звездата Ален Исламовиќ синоќа во Пехчево заврши деветтото издание на Фестивал на дувачки оркестри. Во рамки на одбележувањето на денот на градот се одржа и 11-тото издание на етно саемот „Пехчевски Павловден” чие одржување, како што истакна Николчо Јовчев, претседател на Советот на општината, придонесува да се подобри постоечката рурална туристичка понуда за одржлив развој на регионот преку соработка во полето на фестивалскиот туризам.
-Традиционалниот етно саем прв пат бил организиран од страна на група угостители, туристички работници и занаетчии во соработка со организацијата на жени од Пехчево, за што јас сум им многу благодарен, бидејки преку негова организација, општина Пехчево се стреми да предизвика долготрајно влијание кон локалната економија и да биде пример за руралните заедници. Верувам дека на оцој начин ќе ја подобриме сегашната сосројба и трендовите во руралниот туризам, истакна Јовчев.
Покрај етно саем во рамки на дневната програма на Фестивалот на Дувачки оркестри настапија голем број на фолклорни групи и солисти како од Пехчево, така и од соседните градови, но и од Република Бугарија претставувајки го автентчниот фолклор на својот крај.
Во рамки на последната фестивалска вечер на сцената свој настап имаа оркестрите Џипси тајфа од Кочани и Уска Кан од Берово, а поради дождот беше прекинат дел од концертот на Исламовиќ како и на Bras Brothers, оркестарот кој требаше да го затвори фестивалот.
Сепак и покрај тоа деветтото издание на Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево за време на дводневната програма успеа да собере над 5.000 гости кои уживаа во прекрасната музика надополнета со скара и пиво. Настанот Општина Пехчево го организираше со поддршка на главните спонзори Хотел Гогов, Кит-Го и ДИК „Фагус”.
Ново на Сител
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
-

Европските аеродроми укажуваат на недостастоци во системот ЕЕС за влез во ЕУ
-

Чупиќ: На Вардар му требаат две победи за остварување на нашата првична цел, пласман во осминафиналето на Лига Европа
-

Мерц ги обвини руските сили за најдлабоко ниво на варварство и оцени дека Кремљ не ја добива војната во Украина
-

Бројот на превезени патници со автобус намален за 8.5 проценти, во меѓународниот превоз за 53.3 проценти
-

Груби на распит во Обвинителството
-

Претрес во Битола, пронајдена дрога, поднесена кривична пријава против едно лице
