Ѓорчев се сретна со сенаторот Роџер Викер, шеф на делегацијата на Сенатот на САД во ОБСЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев се сретна со сенаторот Роџер Викер, шеф на делегацијата на Сенатот на САД во парламентарното собрание на ОБСЕ.
Пратеникот Ѓорчев како шеф на македонската делегација го информираше сенаторот Викер за актуелните состојби во Македонија.
Двајцата соговорници се согласија за важноста и значењето на НАТО за мирот и безбедноста на Европа.
Ѓорчев истакна дека сенаторот Роџер Викер е пријател на нашата земја, нагласувајќи дека Македонија и САД се пријателски земји кои градат силно сојузништво.
Пратеникот Влатко Ѓорчев е шеф на делегацијата на Собранието на Република Македонија при парламентарното собрание на ОБСЕ.
Ѓорчев учествува на годишната сесија на ПС на ОБСЕ која што се одржува во Луксембург на која ќе има свое обраќање и повеќе билатерални средби.
Ново на Сител
-

Путин телефонски разговарал со Трамп
-

Трамп: Блокадата на Иран продолжува додека не се постигне нуклеарен договор
-

Пронајдени марихуана, амфетамин и метадон при претрес во Аеродром, поведена истрага
-

Москва го обвинува Зеленски дека провоцира нуклеарна војна
-

Иран им се заканува на САД со „невидена“ воена акција поради поморската блокада
-

Собранието изгласа укинување на техничката влада - за власта таа е надминато решение, опозицијата смета дека без неа ќе нема услови за демократски избори
-

Раде Трајковски Штекли осуден на осум години затвор
-

Повреден градежник додека извршувал работни задачи на автопатот Охрид-Кичево
