Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер

Попладнево во северозападните и источните делови, како и во Пелагонија, има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на вечерта времето ќе биде умерено облачно и топло со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.
Како што соопшти УХМР, поради големата енергија во атмосферата можна е и изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силен ветер. Во втората половина од ноќта атмосферата постепено ќе се стабилизира.
И во скопската котлина до крајот на денов локално ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Времето утре претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а дневната од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе биде 20, а дневната 35 степени.
И в петок во попладневните часови на места ќе има пороен дожд и грмежи, а локално во источните делови ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме. Дневните температури во петок ќе се намалат за неколку степени. Потоа од сабота до вторник следува период на сончево, стабилно и повторно многу топло време.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
