Македонија
26. јуни 2019 - 16:50

Владата додели специјализација - за младите лекари тоа е популистичка мерка која не го решава проблемот

Не запишувај специјализација под лихва. Ова е повикот на социјалните мрежи од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари по вчерашната владина одлука за доделување на 931 специјализација во сите медицински дејности за период од 4 години. Од АСМЛ реагираат дека ова е популистичка мерка направена без никакви договори и преговори и нема да го задржи медицинскиот кадар во земјата. Според нивната статистика, пред една деценија за една државна специјализација конкурирале по десетина лекари, сега за десет специјализации има само еден кандидат.

-Ова е исто како програмата на Тодоров кој тогаш додели 1200- 1300 специјализации на кои се пријавиле 400 а не се знае колку од нив завршиле и работат. Со ова ништо не се постигнува, немаме платени дежурства, нема ништо и ова не е ништо друго туку само популистичка мерка, вели Ненад Лазаров претседател на Асоцијација на специјализанти и млади доктори.

Од Асоцијацијата велат дека ништо не е сменето во програмата за специјализации од претходната власт а она што посебно ги револтира младите лекари се како што велат лихварскиот систем со кој ги обврзуваат да работат во државното здравство.

-Неможе така, потпишуваат договори а тоа не е во ред, мора да платат петпати повеќе ако заминат вели Лазаров.

И додека младите лекари негодуваат на предложените мерки, министерот за здравство со специјализации ќе ги задржува во државата.

-Според Законот за здравствената заштита, јавните здравствени установи за спроведување на програмата се должни да обезбедат финансиски средства во висина потребна за спроведување на изјави Венко Филипче, министер за здравство

Од 931 одобрена специјализација, 346 се за оваа година. Владата додели и 130 супспецијализации.