Македонија
13. јуни 2019 - 16:16

Има ли можност за одвојување на одлуките за Скопје и Тирана

Македонија го преживеа гласањето во холандскиот  парламент, но не и Албанија.

Дури две третини од хоалндските пратеници сметаа дека Албанија поради високиот степен на корупција и криминал не е подгтовена  годинава да ги започне  преговорите. 

Одлуката на Хаг да ја блокира Тирана, но не и  Скопје е позитивен сигнал за нашата земја, сметаат експерите.

И унгарскиот амбасадор  во земјава се согласува дека Унијата треба да го почитува принципот земјите аспиранти да се вреднуваат според заслугите.

Унгарија е една од 13 те земји членки кои преку нон пејпер го поддржаа почетокот на пргворите за Македонија и Албанија.