Македонија
11. јуни 2019 - 15:15

Советот на Општина Охрид го осуди вчерашниот инцидент меѓу советниците

Советот на Општина Охрид се огласи по повод вчерашниот инцидент меѓу советниците, осудувајќи го како чин што не доликува на претставници избрани од граѓаните.

– Локалната самоуправа го осудува вчерашниот инцидент меѓу советниците и смета дека тоа не доликува на избрани претставници на граѓаните. Советниците се гласот на граѓаните, а Советот највисок претставничи орган кој треба и мора да работи во интерес на граѓаните и решавање на нивните потреби. Сметаме дека ваквото однесување е изолиран инцидент и нема да се повтори во иднина и ги повикуваме советниците да се однесуваат во духот на демократијата и почитување на различните мислења, се наведува во соопштението на Локалната самоуправа.

Инцидентот се случи за време на одржувањето на вчерашната седница на Советот, кога советник од редовите на ДУИ физички нападна колега од редовите на БЕСА.

Нападнатиот советник го пријави случајот во полиција, најавувајќи дека ќе поднесе кривична пријава за нападот. Истовремено тој рече дека ќе побара физичка заштита како за него лично така и за членовите на неговото семејство.