Македонија
7. May 2019 - 13:52

Водата за пиење во Струга заматена

По обилните врнежи од дожд во Струга и Струшко, водата од градскиот водовод е заматена и не треба да се користи, информира денеска Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ – Струга.

Од претпријатието посочуваат дека работат на санирање на проблемот.

– Бараме од сите корисници да го земат во предвид ова известување и да не ја користат водата се додека не ги известиме за спротивното, соопшти МЈП „Проаква“ – Струга.

Во соопштението посочуваат дека имале средби со претставници на компанијата МХЕ Хидроцентрали, кои се заложиле дека проблемот трајно ќе биде решен до крајот на годината и нема да се повторува по секои пообилни врнежи.