Македонија
10. April 2019 - 15:59

Внимавајте од кого купувате дрва - изманиците можат лесно да ве прелажат, нова измама во Штип

Уште една измама со дрва е направена во Штип, внимавајте од кого купувате дрва.Како што стои во билтенот на МВР, вчера било пријавено дека М.С.(62) од Штип вчера во 19:20 часот  бил измамен од непознато лице. Според пријавеното, дента околу 11:30 часот во неговиот двор дошло лицето и му понудило да купи огревни дрва по цена од 2.400 денари по кубен метар. М.С. му дал 14.500 денари за дрвата, по што лицето отишло по камионот со дрвата, кој наводно бил во населбата „Баби“ во Штип. Откако лицето не ги донело дрвата по одреден период, М.С. заклучил дека бил измамен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот