Русите масовно ги повлекуваат парите од кипарските банки
Економијата на Кипар претрпе сериозен удар поради заминувањето на рускиот капитал од островот, пишува грчкиот весник „То Вима“ повикувајќи се на интернет страницата „Philenews.gr.“
За еден месец од островот се повлечени околу 93 милиони евра, а за два месеци, до крајот на февруари, биле повлечени депозити во вкупна вредност од 143 милиони евра.
Во споредба со пред една година, падот во депозитите изнесуваше 1,34 милијарди евра, а пред две години од банкарскиот систем на Кипар беа повлечени 2,65 милијарди евра руски пари.
Падот на руските депозити најверојатно е поврзан со се построгите одредби усвоени како дел од борбата на ЕУ против перењето пари.
Дури и по намалувањата или спасувањето на кипарските банки во 2013 година, руските депозити останаа на високо ниво.
Според податоците на Централната банка на Кипар, депозитите на крајот на 2013 година изнесувале 11,7 милијарди евра и паднале за 4,95 милијарди евра до крајот на февруари 2019 година.
Во периодот меѓу 2015 и февруари 2019 година, руските банкарски сметки се намалиле за околу пет милијарди евра.
Ново на Сител
-
ЕВРО2024: Тројца избодени со нож во фан зона во Штутгарт
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од дива депонија на „Пластичарска“
-
Сараево: Ги убил братот и снаата, ја запалил куќата, па се самоубил
-
Поплавен погон на скопска фирма
-
Македонец пронашол изгубено девојче во Неа Флогита
-
Нови пријави за оштетени автомобили и поплавени објекти во Скопје
-
Прва седница на Владата, ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-
Најмногу дожд изминатото деноноќие наврнал во Куманово