ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ две години ја пустоши државата, власта ќе биде одбележана по бруталните политички монтирани случаи
СДСМ две години ја пустоши државата. Економија која тоне, сиромашни граѓани кои едвај чекаат да се иселат од државата и нефункционална правна држава е сликата за Република Македонија по две години власт на СДСМ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Власта на СДСМ ќе биде одбележана по бруталните политички монтирани случаи, спроведени преку Русковска обвинителството и Кацарска судството, кои наместо по правото, гонеа и судеа според наредбите на Заев. Современата инквизиција која ја спроведе Заев е срам за државата. Овој прогон стави во затвор и изложи на шиканирање невини луѓе, кои без никакви докази се оставени да скапуваат по затворите, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата порачуваат дека Република Македонија не смее повеќе да толерира компромиси со правдата, правда мора да има.
-Законот мора да се почитува. Политиката мора да ги тргне рацете од правосудниот систем. Нефункционалното правосудство предизвикува и негатива врз економијата, која две години тоне 500.000 граѓани живеат на прагот на сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај. Работа се добива само доколку имаш роднинска врска со функционер на власт, а бизнис или тендер земаат само фирмите на Заеви и Анѓушев. СДСМ ја оттуѓи државата од граѓаните и предизвика големи штети, како врз државата, така и врз граѓаните и нивните животи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава