Народна банка почна со објавување на серијал текстови „Економија за секого“
Народна банка почна со објавување на серијал кратки едукативни текстови „Економија за секого“ наменети за сите сегменти од популацијата.
– Преку овие текстови, на едноставен јазик, ќе се обидеме да објасниме одредени поими или појави од областа на макроекономијата, финансиите и банкарството. Се надеваме дека преку серијалот ќе го доближиме нашето работење до јавноста и ќе придонесеме за подобро разбирање на повеќе економски прашања коишто имаат одраз во секојдневното живеење, а се директно или индиректно поврзани со централнобанкарското работење, велат од Народната банка.
Првиот текст од серијалот веќе е објавен на веб страницата на Народната банка и е достапен на http://nbrm.mk/ns-newsarticle-sto-raboti-centralnata-banka-i-sto-znaci-t....
Со овој серијал, како што информираат од Народната банка, се вбројуваат во редот на централнобанкарските институции со слични вакви активности како дел од напорите за поголема едукација на населението.
Ново на Сител
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 631 заразени
-
Бостон прв финалист во НБА плејофот
-
Денеска ќе се одржи Конститутивна седница на парламентарниот состав 2024-2028
-
135 сообраќајни санкции во Скопје
-
Повеќе од 20 лица загинаа во големите бури во САД – 300 илјади луѓе останаа без струја
-
Министрите за одбрана на ЕУ ќе разговараат за помошта за Украина и одбранбената индустрија
-
Прва седница на новиот парламент во Техеран по смртта на претседателот на Иран
-
Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок по нападот во Рафа