Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории (ДПЛ)
Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории е предвидено во работната верзија на Законот за платежни услуги и платни системи што го подготвува Министерството за финансии во соработка со Народна банка, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишување на Меморандум за финансиска инклузија.
-Работната верзија предвидува сметката со основни функции да биде бесплатна за ранливите категории, односно по закон ќе добијат бесплатни услуги за отворање, водење сметка, уплати и исплати. За останатите потрошувачи, платежната сметка со основни функции ќе биде со разумен надоместок. Ќе напоменам, дека за да се отвори сметката, граѓаните не треба да поседуваат друга сметка со основни функции на свое име, како и дека на оваа сметка нема да можат да одат во минус, рече министерот за финансии Тевдовски.
Исто така, се воведуваат решенија во Законот за платежни услуги и платни системи, што ќе доведат до либерализација на пазарот на платежни услуги. Ова ќе придонесе за засилена конкуренција и нови, иновативни начини на плаќање, лесно достапни и со помали трошоци, рече Тевдовски.
Тевдовски посочи дека ова е првиот чекор кон поголема финансиска инклузија, што предвидува сите да имаат пристап до финансиски услуги и тоа на лесно достапен, безбеден начин и по прифатливи цени.
Во светот 1,7 милијарди од населението немаат пристап до банкарски систем, а податоците кај нас покажуваат дека 77 отсто од возрасното население поседува трансакциска сметка, што е сосема споредливо со просекот за Европа од околу 82 отсто.
-Впрочем една од главните предности што ги носи овој нов бран финансиски иновации е токму полесниот пристап до нови, поконкурентни финансиски производи или форми на финансирање на населението и малите претпријатија, како дополнителни извори на финансирање на економскиот раст. Сепак, покрај бројните придобивки, овој бран иновации со себе носи и нови предизвици, како за регулаторите, така и за финансиските институции, но и за клиентите, истакна гувернерката.
Според Нора Алити, претседател на Комисијата за хартии од вредност, финансиската едукација е важна бидејќи доколку потенцијалниот инвеститор не е едуциран сигурно е дека нема да може да ги искористат без разлика дали е развиен или неразвиен пазарот на капитал.
Придобивките од финансиската инклузија, како што беше посочено, се повисок раст на БДП и помала доходовна нееднаквост. Анализите на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека преку обезбедување пристап до сметки, кредити, за жените, за ранливите категории, се овозможува побрз и поинклузивен економски раст. Друга придобивка од финансиската инклузија е дека таа привлекува повеќе луѓе во формалниот сектор, што во фискалниот дел значи повеќе приходи во буџетот. Повеќе приходи во буџетот пак значат подобро здравство, образование, инфраструктура и други јавни услуги.
Новиот, проширен меморандум, во кој се вклучени Министерството за финансии, Народната банка, Комисијата за хартии од вредност, МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, се потпишува во пресрет на Глобалната недела на парите, во која се планирани повеќе активности со кои се сака да се зајакне свеста за потребата од финансиската едукација и да се промовираат предностите од поголема финансиска вклученост.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера