Протест на матичните лекари од приватна пракса од Виница и Кочани
Неисплаќањето на капитацијата од страна на Фондот за здравство на приватна здравствена ординација во Виница беше причина матичните лекари од приватна пракса од Виница и Кочани да организираат мирен протест. Парите не биле исплатени затоа што ординацијата, согласно законските прописи, немала комплетиран здравствен тим, односно подолго од 35 дена не вработила медицинска сестра.
Од протестот беше упатено барање до надлежните државни институции да се направат извесни законски измени, за да им се овозможи на матичните лекари да продолжат со работа.
-Многу тешко можеме да обезбедиме медицински лица, односно сестри, па и лекари, со оглед што во источниот регион од државата подолг период нив ги нема. Протестот е еден вид апел до надлежните институции да размислат како ќе го решат проблемот, при што очекуваме флексибилност на законот со кој нè обврзуваат да имаме медицински тим. Сметаме дека треба да се дозволи вработување и на немедицинско лице, кое ќе ги врши административните работи. Ние, лекарите, ќе ги извршуваме нашите обврски, па во одреден случај и задолженијата на медицинските сестри, сè додека не се најде соодветен кадар за да се комплетира тимот, истакна Виолета Петковска, претседател на Општинскиот одбор на лекарската комора од Виница.
Матичните лекари од двете соседни општини нагласија дека скоро сите ординации во регионот веќе се соочиле или наскоро ќе се соочат со истиот проблем, па ако не ги добиваат средствата за капитација, не ќе можат да ја извршуваат функцијата. Веќе доставиле известување до Фондот и до Министерството за здравство дека подолг период во евиденцијата на Агенцијата за вработување во Виница нема невработени медицински сестри.
Како заклучок од протестот, лекарите рекоа дека не бараат привилегии, туку поголема толеранција од надлежните институции, затоа што ќе станат неконкурентни во однос на јавните здравствени организации и ќе бидат приморани да ги затворат своите ординации.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување