-->
-->
Најстудено во Маврово и Лазарополе
-->
Во голем дел од земјава утрово се измерени температури под нулата. Најстудено било во Маврово и Лазарополе -12 степени целзиусови, -8 во Крушево и Крива Паланка, -6 во Битола и Берово, -5 во Претор и Дебар, -4 во Тетово, Прилеп и Виница, -3 во Скопје-Петровец, Охрид и Струмица, -2 во Скопје-З.Рид, Штип и Куманово и -1 степен во Демир Капија. Најтопло било во Дојран 1 степен и Гевгелија 2 степени целизиусови.
Висината на снежната покривка измерена во 7 часот изнесува 79 сантиметри во Попова Шапка, 46 во Маврови Анови, 25 во Крушево и 12 во Лазарополе.
Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала облачност, околу пладне и попладне облачноста ќе се зголемува па ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала облачност, попладне со повремено зголемување на облачноста. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне околу седум степени.
И утре ќе дува умерен до засилен северен ветер, а ќе има и локални врнежи од снег, главно со слаб интензитет. Од сабота следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава