Дебата за вклученоста на жените во политиката во Македонија
„Жените и политиката: Вклученоста и влијанието на жените во политиката во Македонија“ е темата на работниот состанок во организација на Платформата за родова еднаквост и канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ што ќе се одржи денеска во Скопје.
Целта на работниот состанок е да се дискутира за идентификување на главните бариери кои влијаат врз политичкото учество на жените и да се обезбедат релевантни препораки со кои ќе се подигне јавната свест за ова прашање.
На состанокот ќе бидат презентирани наоди од студијата Реактор „Жената во политиката: Патот до политичките функции и влијанието на локално ниво“ засновани на репрезентативно истражување и укажуваат на бариерите со кои се соочуваат жените пред и за време на нивните мандати во политиката.
На ваков начи, посочуваат од Платформата за родова еднаквост, се прави обид да се мотивираат носителите на политики да направат суштински промени кои ќе ги охрабрат жените во поголема мера да учествуваат во јавниот и политичкиот живот.
Ново на Сител
-
Седници на шест собраниски комисии
-
На Попова Шапка -10 степени и 44 сантиметри снег
-
Седница на Државната изборна комисија
-
Три земјотреси во текот на ноќта во Македонија
-
Груби преку социјалните мрежи појасни дека е Косово во приватна посета
-
Синоќа полициска акција на неколку локации низ државата
-
Премиерот Мицкоски на средба со Советот на странски инвеститори
-
Предлог-законот за унгарскиот заем пред пратениците