Адеми и Тозија на средби со првите луѓе на „Еуроимаж“ и „Европскиот филмски маркет“
Се зголемува интересот за македонската кинематографија, оценија министерот за култура на Асаф Адеми и директорот на Агенција за филм Горјан Тозија по средбата со водечките професионалци на „Европскиот филмски маркет“ и „Еуримаж“, која се одржа денеска во Музејот Мартин Гропиус Бау кој веќе десет години за време на одржувањето на Берлинскиот филмски фестивал е централно место на европскиот филмски маркет, јави МИА од Берлин.
На средба со директорот на европскиот филмски маркет Матијас Вутер Кнол министерот Адеми се заблагодари за досегашната соработка земајќи во предвид дека Македонија традиционално е присутна на маркетот со разни активности за промоција на македонската кинематографија, како што се проекција на македонски филмови и закупување на простор за рекламирање на македонската кинематографија преку постери од последните македонски филмови.
Целта е на средбата е да се продлабочи соработката со Маркетот и потребата од македонски промотивен штанд со цел да се постигне поголема видливост и промоција на нашата најнова филмска продукција што е особено значајно за кинематографиите што доаѓаат од малите земји.
Со претседателката на „Еуроимаж“ Кетрин Траутман и извршниот директор Роберто Ола, се дискутираше за досегагашната поддршка на овој европски фонд на македонскиски проекти како и за насоките на размислувањата на „Еуримаж“ во однос на финансирањето на проектите особено од малите земји, како Македонија, членки во овој финд за копродукции.
Евидентна е позитивната атмосфера што се создаде кон македонската кинематографија со учеството на филм во трката за наградта„Златна мечка“, а за министерот Адеми тоа е уште еден мотив европските фондови да дадат поголема поддршка на македонскиот филм. Тој се заблагодари за досегашната високо професионална соработка со Македонија како земја членка на Еуримаж со желба и во иднина македонската кинематографија да продолжи како и досега да ги следи европските стратегии во филмската дејност и да создава квалитетни европски ко-продукции.
По одржувањето на состаноците, се одржа и премиерата на филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ каде што освен бројните официјални лица, присуствуваше голем дел македонската екипа во филмот.
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време