Во Владата во живо се следеше потпишувањето на Пристапниот протокол во НАТО
Во Владата на Република Македонија во живо се следеше потпишувањето на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Присутни се заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и шефот на НАТО Канцеларијата за врски во Скопје, Зоран Јанковиќ.
Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО се потпишува во Брисел, а на чинот присуствуваа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.
Со потпишувањето на Протоколот, Македонија станува дел од сите работни тела и органи на Алијансата, со право да учествува во дискусиите, но без право на глас. Таквиот статус ќе трае додека не се заврши процесот на ратификација на протоколот во парламентите на сите 29 земји-членки на НАТО.
Прва Грција ќе треба да го ратификува Протоколот што е согласно Договорот од Преспа. Процесот на ратификација во парламентите на сите земји-членки на НАТО вообичаено трае околу една година, по што НАТО ќе треба да упати покана до земјата кандидат да нејзино приклучување кон Алијансата.
Во оптимални околности, се очекува Македонија да стане полноправна членка на НАТО во првиот квартал на 2020 година.
Ново на Сител
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции
-
Ја голтнал дрогата што ја купувал кога видел полиција па завршил во болница
-
Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
-
Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала
-
Нова промена на цената на горивата од полноќ
-
Зголемен бројот на туристи и на ноќевање