Македонија
5. February 2019 - 12:34

Средба на министерот Адеми со генералниот секретар на ЦЕИ, Роберто Антониони

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска имаше работна средба со генералниот секретар на Централноевропската иницијатива, Роберто Антониони, на која разговараа за досегашната успешна соработка и за идните чекори што ги презема ЦЕИ.

-Беше истакнато дека Република Македонија е една од најактивните членки на ЦЕИ, што е уште една потврда за заложбите на Министерството за образование и наука за придонес кон развој на науката и рамноправно партиципирање во научноистражувачките проекти во регионот, соопшти МОН.

Централноевропската иницијатива е најстара Рамковна програма за промоција на истражувањата, технолошкиот трансфер и иновации во Централна и Источна Европа и претставува флексибилен начин на промоција на меѓувладина, интерпарламентарна и соработка во областа на бизнисот, која одговра на новите развојни тенденции.