Издадени нови 4.444 потврди за барање азил

Во последните 24 часа издадени се потврди на вкупно 4.444 странски државјани, од кои 2.324 се од машки пол, 805 се од женски, 1.168 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 147 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 1.944, Авганистан 1.625,Ирак 496, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 10.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 234.692 странски државјани, од кои, 140.059се од машки пол, 35.101 се од женски, 47.674 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11.858 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 148.065, потоа Авганистан 50.341, Ирак 18.465, Пакистан 4.847, Иран 4.670, Палестина 1.958, Сомалија 1.226, Бангладеш 1.065,Мароко 642,Конго 509, Алжир 349, Либан 345, Нигерија 273, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 10.11.2015 до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 10.11.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 10.11.2015 година евидентиран е 1 барател на азил, маж. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил ( малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
-

Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1
-

Лишени од слобода крадци во Стар Дојран, украденото ќе биде вратено на сопственикот, следува пријава
-

Фејсбук недостапен за илјадници корисници ширум светот
-

Меси: Што и да се случи во финалето, Аргентина веќе напиша историја
