Балкан
10. November 2015 - 9:11

Турција ја одбележува 77-годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк

Денеска, точно во 9.05 часот, сирените ќе ја означат годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на современа и западно ориентирана Република Турција.

Во посочениот термин турските граѓани денеска со минута молк ќе ја одбележат 77-годишнината од смрта на својот историски лидер, а во текот на денот ќе има и други церемонии и настани, јавува БТА.

Во рамки на официјалниот протокол ќе се одржи поклонување во мавзолејот на Ататурк во Анкара и ќе се полагаат венци. Мавзолејот е отворен за посетители во текот на целиот ден.

Дворецот Долмабахче во Истанбул, каде на денешен ден во 1938 година починал Ататурк, вообичаено на 10 ноември е преполн со посетители. Собата во која тој починал е зачувана во нејзиниот автентичен изглед, а стрелките на часовникот се запрени на 9.05 часот.