Прилеп доби прифатилиште за бездомни кучиња

Прилеп за прв пат, официјално, отвори прифатилиште за кучиња. Прифатилиштето е стационирано кај терминалот на Јавното претпријатие „Комуналец“.
Според Ѕвонко Јованоски, директор на прилепски „Комуналец“, претпријатието неодамна доби дозвола за отворањето и работата на стационарот, што е со капацитет за прифаќање на преку 40 бездомни кучиња. Веќе се сместени 30-ина.
-Прилеп за прв пат отвори прифатилиште за бездомните кучиња и се вброи во еден од неколкуте градови во земјава. Ја добивме дозволата и веднаш почнавме со активна работа. Во стационарот веќе се прифатени 30-ина бездомни кучиња и имаат целосен третман: преглед, вакцинација и прочистување. За ефективно функционирање на прифатилиштето се ангажирани пет лица, двајца се професионални заловувачи, еден ветеринарен лекар и еден ветеринарен техничар и имаме лице кое се грижи за хранењето на кучињата, објаснува Јованоски.
Според Законот, кучињата во прифатилиштето можат да бидат еден месец. За вдомување веќе има заинтересирани лица.
-Се појавија заинтересирани лица кои сакаат да вдомат кучиња. Законски ние можеме да ги чуваме еден месец. Доколку за некои не се јави никој, тие мора да се вратат на местото каде се заловени, но веќе имаат целосен медицински третман, вели Јованоски.
Според Јованоски, во текот на годината, во Прилеп немало многу инциденти со кучиња-бездомници, но ќе се реагира при секоја пријава.
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
