Македонија
9. December 2018 - 14:34

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема ни кредибилитет ни капацитет да ја води економијата

Криминална власт на СДСМ и аболираниот Зоран Заев системски ја уништија македонската економија.

Аболираниот Заев за себе и картелот кој што го води го проектираше најголемиот буџет во историјата на Република Македонија. Тоа значи масовно ограбување на граѓаните преку повисоки даноци и казни за да се богатат Заев и картелот околу него.

Поради лошите економски услови, дури 77% од младите сакаат да се иселат од Република Македонија, покажуваат најновите истражувања.

Додека земјите во регионот и Европа доживуваат ренесанса на своите економии Македонија оди во чекор со Афричките држави.

Ветуваа раст на економијата од 5%. Граѓаните ниту раст, ниту економија видоа. Тоне државата по сите параметри.

СДСМ нема ни кредибилитет ни капацитет да ја води економијата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ