Вљубена и дебела: Откако фати дечко Цеца се здебели 10 килограми
Дали поради љубовта или поради некоја друга непозната причина познатата фолкерка видно се здебели.
Фолк дивата Цеца Ражнатовиќ има нова љубов и за тоа знае и зборува целиот регион.
Мислењата се поделени: додека на едни им е мило што има момче, другите ја критикуваат што нашла буквално момче, зошто нејзиниот партнер Александар Јововиќ е помлад од неа 16 години. Но бидејќи таа разлика во години во последно време е нормална (Северина и Игор се разлика 15 години, Гоца Тржан и нејзиниот Раша - 14 години, Карлеуша и Душко Тошиќ -7 години итн), тогаш постарите дами се трудат да останат во топ форма, секогаш затегнати во лиците и во телото. Сите освен Цеца.
Судејќи според фотографиите од март 2015 година кога Цеца и Александар се сликаа за Стори поради нејзиниот спот, и поновите фотографии може да се заклучи само едно: Цеца изгледа пропадното!
-Тврдам дека се здебелила дури 10 килограми, вели за српски Курир еден од посетителите на теретаната во која одат Цеца и нејзиното момче.
-Таа тука како нешто тренира, ама слабо има резултати. Сигурен сум дека не води сметка за исхраната. Единствено тоа ми е логично објаснување на нејзиниот лош изглед зошто невозможно е да вежбаш и да изгледаш како Цеца денеска, вели изворот.
Кога папараците на Стори ја сликаа Цеца и магазинот ексклузивно ја објави приказната за нејзината нова врска, таа беше сликана во апа-драпа облека: широко здолниште, рамни чевли, коса во пунџа, или стајлинг „имам момче баш ми е гајле“.
Ново на Сител
-
Во пресрет на летнаta сезона Албанија има потреба од над 2.000 туристички работници
-
Притвор за две лица, нападнале полициски началник во дискотека во Кавадарци
-
Еден убиен во нова нарко пресметка кај бриселската метро станица „Клемансо“
-
Јунајтед го загуби Дијало до крајот на сезоната
-
Малолетник од Косово со возило удрил двајца пешаци во Скопје
-
Тешка сообраќајка во струмичко, загина 46-годишен возач
-
Невозможно е за осум месеци од македонското здравство да направите норвешко или шведско, вели Таравари
-
Трамп: Тој што ја спасува својата земја не прекршува никакви закони