-->
-->
Се огласи Игор, синот на Горан Стефановски: Секој знае до каде му е дадено да стаса!
-->
Игор, син на драматургот Горан Стефановски, се огласи на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, по смртта на неговиот татко.„Сите се правиме маратонци, а секој во стомакот знае точно колку може да истрча, до каде му е дадено да стаса.” – Конзервирани импресии – напиша Стефановски.
Веста за смртта на драмскиот писател ја потресе земјава. Со негови цитати, зборови за утеха и пораки со сочувство, Македонија се простува со еден од своите најпознати драмски автори. Горан Стефановски почина на 66 годишна возраст во близина на Лондон.
Зад себе ја остави сопругата Патриша, со која се родители на синот Игор и ќерката Јана. Семејството се уште нема излезено во јавност со детали околу тоа кога и каде ќе биде погребан великанот на пишаниот збор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
