Студија за влијанието на регулативата за употреба на јазиците во Македонија
Законот за употреба на јазиците повторно на површина ја исфрла длабоката етничка поделеност и недостаток на демократски капацитети во македонското општество, е еден од заклучоците изнесени на промоцијата на студијата „Проценка на влијанието на регулативата за употреба на јазиците во Македонија“ на доц. др. Јасмина Трајкоска и др. Јосипа Ризанкоска.
– Констатираме потреба од натамошна потреба од употреба на јазиците на немнозинските заедници во Македонија, но заклучуваме дека во оваа форма и на ваков начин оваа регулатива не би била соодветна јазична политика што го решава проблемот. Затоа препорачуваме прашањето за употреба на јазиците да се решава исклучиво преку методот за проценка на влијанието на регулативата со комбинација на регулаторни и нерегулаторни мерки, со што би се овозможило паралелно менување и подобрување на регулативите од една страна и покревање на свеста за учење на јазикот на другиот и менување на политичката култура од друга страна, вели една од авторките на студијата доц. д-р Јасмина Трајкоска.
Најважно од се, потенцираат авторките на студијата, би било да се покрене свеста за придобивките од изучување на јазикот на другиот со што би се намалила етничката поларизација во општествените односи во Македонија.
Трајкоска потенцира дека креирањето јавни политики и носењето на закони без вклучување на засегнатите страни се рефлектира врз јавното мислење и врз меѓуетничките односи.
– Директен резултат на тоа е и пресудното влијание на етничката припадност врз ставовите за Законот за употреба на јазиците кај граѓаните кои многу малку ја знаат содржината на законите, а ја прифаќаат или ја одбиваат во зависност од тоа на која етничка заедница и припаѓаат, вели таа.
Проф. Јосипа Ризанкоска, посочувајќи детали од истражувањето, рече дека од него произлегува конфузија во јавното мислење за овој Закон.
– Граѓаните сметаат дека ова прашање ќе ги зголеми етнонационализмите кај сите етнички групи. Македонците имаат речиси двојно поголема оценка за тоа дека ќе се зголемат национализмите кај сите етнички групи посебно од Албанците и помалите етнички заедници, додека Албанците се поголеми оптимисти во однос на ова прашање. И двете заедници ги вперуваат прстите кон другата заедница. Албанците мислат дека Македонците повеќе би се радикализирале, додека Македонците мислат тоа би се случило кај Албанците, со напомена дека Македонците се поголеми песимисти во однос на ова прашање, истакна Ризаконска.
Меѓу препораките во студијата се дека законот би требало да се врати во повторна постапка, да се направи проценка на влијанието на регулативата, да се отвори јавна дебата, да се спроведе попис на населението со цел добивање јасна социо-демографска слика на населението во Македонија, професионализација на администрацијата, вложување во стручен превод во институциите, Владата транспаретно да ги објасни ефектите и потребата од ваквото решение, паралелно преку сите медиуми и преку јавни дебати, со цел сестрана, навремена и точна информираност на граѓаните…
Претседателот на Собранието Талат Џафери, кој учествуваше на промоција на студијата, истакна дека препораките што доаѓаат од научните кругови се добредојдени, но оти академските препораки не смеат да се мешаат со собраниските процедури затоа што се издвоени една од друга. Различни се пристапите, рече Џафери кој на настанот зборуваше за носење на Законот за употреба на јазиците и неможноста тој да биде испратен до Службен весник поради ветото на претседателот Ѓорге Иванов, како и подоцна Договорот со Грција.
Џафери изрази надеж дека од ова сите ќе извлечеме поука како не смее да се владее и верува дека сега со усвојувањето на уставните измени со кои ни се отвораат вратите за полноправно членство во НАТО и започнување на преговори со ЕУ многу побрзо и многу квалитетно ќе градиме правна и функционална држава во која ќе имаме владеење на правото, а не владеење на партиските интереси.
-Ќе продолжиме со развојот на нашето мултиетничко општество во кое пред се и над се ќе биде почитување на колективните и индивидуалните човекови права, рече Џафери.
Во однос на Законот од 2008 ги поттикнаа предлагачите на новиот закон покрај другото да предвидуваат и казниви мерки за неспроведување на законот, кои не се кон граѓаните туку кон институциите кои не би ги спровеле одредбите од законот.
Она што е тенденцијата е во анализата е дека Законот за употреба на јазиците е дискриминаторски за другите помали заедници. Но, ниту академската фела не сака да го каже конкретното дека Законот за употреба на јазиците произлегува од амандманот 5 став 4 дека централните институции друг службен јазик различен од македонскиот јазик можат да го употребат согласно со закон. И тоа е изворот од каде што произлегува обврската употребата на албанскиот јазик да се регулира со закон во централните органи. Но тоа не се става во ситуација да ги дискриминира другите. е
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ
-
Зеленски го потпиша буџетот за 2025 со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност
-
Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет
-
Претседателката на Судскиот совет Дамева реагира на обвинувањата за продолжување на мандатот
-
Индија тестираше балистичка ракета од нуклеарна подморница
-
Сиљановска Давкова – Милативиќ: Да се интензивира економската соработка
-
Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила