-->
-->
„Златна петорка“ – најдобар странски филм на Интернационалниот фестивал во Кардиф
-->

Филмот „Златна петорка “ на режисерот Горан Тренчовски ја освои наградата за најдобар странски филм на Интернационалниот филмски фестивал што се одржа во Кардиф.
По повод наградата, режисерот Тренчовски им ја честиташе на целата екипа во филмот. – Честитки до цела екипа, со надеж дека по толку фестивали, награди и неправди, конечно ќе го започнеме нашиот нов проект, кој верувам ќе биде и подобар и поуспешен, истакна Тренчовски.
Филмот „Златна петорка“ досега го виделе над 80.000 гледачи во Македонија и надвор, а во земјава беше најгледан и најнаградуван филм изминатата сезона (2016/2017). Прикажуван е на дваесетина меѓународни фестивали и има добиено десетина награди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година
-

Најладно во Берово, утрово измерени -2 степена
-

Нетанјаху го нарече „херој“ пилотот по нападот во кокпитот на „Флај Дубаи“
-

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје
-

Трамп: Војната ќе заврши многу брзо, САД имаат целосна контрола врз Ормуз
-

Илон Маск влегува во Пентагон: Ќе ја креира иднината на војувањето
-

Ведро и студено утро и сончево преку денот
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
