СДСМ: Осумдесет херои презедоа одговорност за иднината на Македонија, патот кон НАТО и ЕУ е расчистен, сите да се приклучат

Собранието донесе историска одлука со која Македонија избра иднина наместо изолација. Патот кон НАТО и ЕУ е чист, а за тоа најголема заслуга имаат граѓаните, но и 80те пратеници во Собранието на Република Македонија кои низ демократска постапка им кажаа стоп на поделбите и ја поведоа Македонија кон национално обединување.
Мицкоски, Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ синоќа уште еднаш потврдија дека се антизападни и антимакедонски партиски фигури кои на Македонија и носат само зло, криминал и сиромаштија.
Граѓаните и огромното мнозинство во парламентот му свртеа грб на злото предводено од Мицкоски.
Македонија одбра да продолжи по патот на интеграција и сојузништво. 80 пратеници слободно и по сопствено убедување гласаа за иднина во ЕУ и НАТО.
Поразениот Мицкоски сега ќе мора да престане со притисоците и сеењето страв и ќе мора да ги тргне своите режимски раце од сите пратеници во Собранието. Сега се создадени услови за уште поголема поддршка во Собранието за патот кој Македонија го избра, а тоа е спроведување на договорот од Преспа и зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ. Овој пат заслужува поддршка од сите пратеници во Собранието зашто подразбира економски просперитет, држава по европски правила и национално помирување помеѓу политичките фактори и помеѓу граѓаните.
Надлежните институции имаат обврска да ги заштитат пратениците од сите закани и притисоци кои ги прават Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните го препознаат и поздравуваат овој историскиот чекор на 80те пратеници што обезбедува помирување и национално обединување околу врвните државни интереси.
Македонија се помирува, Македонија се обединува надпартиски и надетнички, 80 херои ја презедоа одговорноста за овој неповратен историски исчекор за иднината на земјата, време е сите да се приклучат, стои во соопштението испратено од Центарот за комуникации со јавноста Социјалдемократски сојуз на Македонија
Ново на Сител
-

Осуденичка од САД преживеала егзекуција - не ја усмртиле ниту две дози смртоносна инјекција
-

Советот на Град Скопје донесе одлука за намалување на бројот на предвидените нови вработувања во јавните претпријатија и установи
-

Од денеска до 5 октомври пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Цар Самоил добива саркофаг од македонски мермер со натпис „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“
-

Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посета на Урсула фон дер Лајен
-

Скопјанец му се заканувал преку телефон на полицаецот кој предходно му пишал казна
-

Татко во кривопаланечко си го нападнал малолетнит син со остар предмет
