Столтенберг: Македонија може да стане членка во 2019, но Договорот мора да се спроведе
НАТО соопшти дека Република Македонија може да стане членка на Алијансата во 2019 година ако го прифати Преспанскиот договор.
Преговорите за прием на Македонија може да завршат во јануари идната година и во почеоткот на 2019 година државата може да стане членка на НАТО, изјави на прес-конференција генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
- Сите внимателно го следевме изјаснувањето на референдумот во поранешната југословенска република Македонија. Го поздравувам постигнатото одобрување за Договорот од Преспа. Скопје треба да ги определи следните чекори, нагласи генералнито секретар.
Посочи дека НАТО е подготвен да ја поздрави Македонија како 30-ти член на НАТО.
- Тоа може да се случи само со одобрување на Договорот од Преспа. Преговорите за членство почнаа и очекуваме да ги завршиме во јануари идната година. Кога ќе заврши прифаќањето на Договорот, може да потпишеме протокол со ПЈРМ. Во почетокот на годината државата може да се присоедини кон Алијансата. Ги повикувам сите да пројават одговорност и да ја искористат таа можност, нагласи Столтенберг.
Ново на Сител
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз
-
Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Малезија
-
Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ
-
Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек
-
Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото