Живот
27. September 2018 - 21:29

Катастрофа на парасејлинг во Русија: Двојка едвај се спаси, ветрот ги однесе кон водовите, ги удри струја и паднаа на песокот

Маж и жена кои летувале на рускиот црноморски брег едвај извлекоа жива глава кога нивниот падобран налета на електрични водови.

Парасејлингот е популарен на многу туристички дестинации, па и оваа руска двојка одлучи да се забавува во Џубга, меѓутоа се тргна на лошо. Нив ветрото ги нанесе на водови околу кои се заплеткаа. Ги удри струја и се здобија со неколку скршеници.

Истражителите велат дека возачот на чамецот, кој го влече падопбранот, премногу се доближил до брегот.

Кога падобранот тргнал да се враќа назад кон морето, настанала катастрофа.

Штом се приближиле до водовите, се слушна тресок, еден од каблите се скина, а мажот и жената неконтролирано почнаа да се вртата во воздухот.

Сето тоа се случуваше пред вчудоневидените посетители на плажата, а во позадината на снимката може да се слушнат и вресоци.

Падобранот на крајот се спушти на песокот, а останатите туристи притрчаа на помош.