Македонија
11. November 2017 - 9:19

Конференција за ретки болести во МАНУ

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ја организира шестата конференција за ретки болести. 

Конференцијата е за педијатри, интернисти, невролози, нефролози, лекари за семејна медицина, генетичари, биохемичари, биолози, лекари од Македонија и од Југоисточна Европа. 

- Благодарејќи на овие состаноци повеќе болести што порано не се лекуваа во земјата сега се лекуваат. Истовремено, нови гени, нови молекуларни механизми на настанок на болести и нови лекувања резултираа од истражувањата и во нашата земја, соопшти МАНУ. 

Поддржувачи на конференцијата се Македонското лекарско друштво и Лекарската комора на Македонија.