Во Струмица згрижени 50 деца во целодневен престој
Педесет деца на возраст од шест до десет години од четири основни училишта од понеделник се згрижени во целодневен престој во посебна просторија во „Клон 2“ во Детската градинка „Детска радост“ во Струмица.
Децата денес ги посети градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски. Тој истакна дека овој проект бил дел од неговите предизборни ветувања.
- Го вративме целодневниот престој на децата-ученици во основните училишта во општината и убеден сум дека во наредниот период ќе го решиме проблемот со просторот и што поголем број деца ќе бидат вклучени во целодневниот престој, каде што ќе можат да учат и да се дружат во присуство на стручен кадар, изјави градоначалникот Јаневски.
Со учениците во целодневниот престој работат двајца воспитувачи од одделенска настава.
Децата имаат обезбеден превоз од и до училиштата, а добиваат појадок и ручек.
Цената за користење на целодневен престој за еден месец е 1.500 денари.
Ново на Сител
-
Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна
-
Новиот тим македонски историчари утре на прва средба со тимот од Бугарија
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари