Етно групата „Љубојна“ настапи на меѓународниот фестивал „Медитерански култури“ во Португалија

Македонската етно група „Љубојна“ успешно настапи на меѓународниот фестивал „Медитерански култури“ кој синоќа заврши во португалскиот главен град Лисабон.
Настапот на групата „Љубојна“ е во рамки на соработката меѓу канцелариите на ЦИОФФ (CIOFF-Светска организација на фолклорни фестивали) од Македонија и Португалија, и со поддршка на македонското Министерство за култура, истакна Антонијо Димитровски, претставник на Република Македонија во ЦИОФФ.
- На Фестивалот учествуваа групи од Португалија, Турција, Грција, Италија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Шпанија, Тунис, Србија, Франција и Либан, а единствен претставник од нашата држава беше етно групата „Љубојна“. Целовечерниот фестивалски концерт нашите претставници го изведоа на свеченото отворање на фестивалот и во рамки на главната програма, заедно со врвниот музичар Раби Абу Калил. Публиката во Лисабон беше воодушевена од музичката понуда,односно од досега снимените албуми, а неколку композиции беа адаптирани со медитерански аранжман, потврди Димитровски.
За време на фестивалот „Медитерански култури“ беа организирани и се одржаа пет посебни програмски содржини како асоцијација на пет човекови сетила, за вид, допир, слух, мирис и за вкус.
Во изминатите денови во Лисабон со поддршка на ЦИОФФ се одржаа стручни работилници и изложби, семинар на тема „Сегашноста и иднината на медитеранските култури“, а беше формиран и посебен Центар за антропологија, информираа од македонската канцеларија на ЦИОФФ со седиште во Битола.
Ново на Сител
-

Македонското еколошко друштво ќе спроведува европски проект за зачувување на кафеавата мечка во Динаро-Пиндскиот Регион
-

Пронајдени човечки стапалки стари 115.000 години
-

Научно истражување: Птиците имаат способност да го видат магнетното поле
-

Правилото на Безос за првиот час: Утринска рутина што носи успех
-

Кралот Чарлс Трети денеска ќе се обрати пред пратениците во американскиот Конгрес
-

Пожари во Ваксинце и Арбанашко, опожарени околу дваесетина хектари шума
-

Сабаленка за вирусот на турнирот во Мадрид: Слушнав дека треба да ги избегнувам тие такос
-

Македонија со јасна енергетска трансформација и конкретни резултати – силна порака од ЈЕСКО во Берлин
