Се асфалтираат патишта во селото Моштица во општина Македонска Каменица
Во тек се градежни активности за асфалтирање на локални патишта во село Моштица во општина Македонска Каменица.
Како што информираше градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова во оваа рурална средина во должина од околу 400 метри се асфалтираат локалните патишта во неколку маала во Моштица.
- Градиме пристапен пат до маало Бунар, маало Ваинци и маало Бабанец. Вредноста на оваа инвестиција во село Моштица е 2.326.062 денари. Со асфалтирањето на споменатите делници како локална самоуправа сметаме дека кој трајно се решава проблемот со поврзувањето на жителите на село Моштица со останатите делови од територијата на општина Македонска Каменица, рече Стаменкова.
Изведувач на работите е градежната фирма „Стоименов“ од Кочани, а според предвиденото асфалтирањето на споменатите локални патишта треба да заврши до крајот на оваа недела.
Како што информираше Стаменкова по асфалтирањето на овие пристапни патишта во село Моштица, општина Македонска Каменица продолжува со асфалтирање на пристапни патишта и во останатите селски средини.
Ново на Сител
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево