Црнечки активисти го попречувале предизборниот говор на Хилари Клинтон
Црнечки активисти, со извици, свирежи и гласно негодување, предизвикаа инцидент на предизборниот настап на Хилари Клинтон во Атланта, во сојузната американска држава Џорџија.
Клинтон, која учествува во трката за добивање номинација од Демократкста партија на САД за претседателските избори во ноември 2016 година, беше попречена да го продолжи својот предизборен говор, во моментот кога таа зборуваше за потребата од реформирање на американскиот правосуден систем.
На настапот што беше означен како „Афроамериканците за Хилари“ имаше околу две илјади луѓе.
Во својот говор Клинтон се осврна на зачестените пукотници по улиците и за употребата на огненото оружје од полицијата, порачувајќи дека ако биде избрана за претседател на САД, ќе ја продолжи политиката што за овие работи ја води актуелниот претседател Барак Обама.
Нејзиното излагање, во тој момент, беше прекиното од извиците на десетина црнечки активисти кои остро протестираа против бруталноста на полицијата, присутниот расизам и чувањето во полициски притвор.
Активистите остро ги критикуваа Клинтон и нејзниот противник во изборната трка, сенаторот од Вермонт, Берни Сендерс.
Движењето за црнечки права на кое припаѓаат демонстрантите, се афирмира низ САД, по минатогодишното убиствио на младиот црнечки тинејџер Мајкл Браун во Фергусон, во сојузната држава Мисури, од еден полицаец белец, кој подоцна не одговараше за инцидентот.
Хилари Клинтон, во средината на деведестите години на 20 век, лобираше за донесувањето на еден остар кривичен закон, против кој беше поголемиот дел од црнечката заедница на САД, тврдејќи дека тој е насочен против афроамериканците.
Ново на Сител
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица
-
Денеска гласаат вкупно 505 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка, Ранковце и Кратово