-->
-->
Републиканците лути поради постер на групата Перл Џем
-->
Американските републиканци го критикуваа постерот на групата Перл Џем, на кој се гледа Белата куќа во пламен и орел кој колве човечки скелет.
Имено, републиканците сметаат дека скелетот го претставува американскиот претседател Доналд Трамп.
Националниот комитет на републиканскиот сенат и кандидат за американски Сенат од Монтана, Мет Розендеил, го споредија постерот на познатата група со фотографија на комичарката Кети Грифин, на која таа држи лажна исечена глава на претседателот Трамп.
Групата Перл Џем засега не коментира дали скелетот навистина го претставува Трамп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце
-
Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари