Во Виена преговори за кризата во Сирија
Во Виена вчера се одржа четиристрана средба посветена на пронаоѓање политичко решение на кризата во Сирија. Разговорите на министрите за надворешни работи на САД, Русија, Саудиска Арабија и Турција траеја помалку од еден час, јави ТАСС.
Разговорите ќе продолжат и денеска и во нив ќе се вклучат високи дипломати на околу 20 држави.
- Министерската средба за Сирија в петок може да го отвори прозорецот за политичко уредување на конфликтот, изјави доцна синоќа високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Таа посочи оти е потребно да се покаже флексибилност и да се прошири просторот за политички дијалог.
Во разговорите во Виена денеска освен министрите за надворешни работи на САД, Русија, Саудиска Арабија и Турција ќе учествуваат и претставници на европски земји, Франција, Германија, Велика Британија, Италија, како и како и на земји од Блискиот Исток и Северна Африка, Иран, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Ирак, Либан и Египет.
На средбата учествува и Могерини и специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова на прием кај Бајден
-
АХВ: По сомнежот на труење со храна во „Ѓорѓија Пулевски“ наредено затворање на кујната
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир