Студии на Европскиот центар за мир и развој на Универзитетот за мир на ОН

Студиски програми на меѓународни постдипломски специјалистички, магистерски и докторски студии во различни области во академската 2018/2019 година од октомври во Скопје овозможува Европскиот центар за мир и развој (ECPD - European Center For Peace And Development) на Универзитетот за мир основан од Обединети нации.
Академската година почнува на 28 октомври 2018, а наставата на меѓународните програми ќе ја изведуваат водечки професори и експерти од САД, Јапонија и од повеќе европски земји.
Студиските програми нудат современи знаења, вештини и искуства, како и диплома на Универзитетот за мир, основан од Обединети нации, меѓународно призната и валидна во сите земји членки на ОН, вклучувајќи ја и Република Македонија.
- Наставата ќе се изведува во Скопје. Програмите се инспирирани од највисоките стандарди на меѓународните достигнувања, академските знаења и искуства, соопшти Европскиот центар за мир и развој и додава дека ужива целосна академска слобода неопходна за постигнување на своите цели, особено во однос на изборот на предметите и методите на истражување со цел за мир и трансфер на знаењето и развојот.

Достапни се постдипломски специјалистички, магистерски и докторски студии за Економска дипломатија, Право на ЕУ и Меѓународно деловно право, Меѓународни финансии и банкарство, Глобална школа во здравството, Националната безбедност, Мировни студии, човекови права и безбедност, Ромолошки студии, Развој на човечки ресурси; Развој на природни ресурси, Социјален и економски развој, Научен и технолошки развој, Одржлив развој, Културен развој, Стратешки, Финансиски, Проектен, Здравствен, Спортски, Урбан и Еколошки менаџмент, Менаџмент во локалната самоуправа и јавниот сектор, Производствен менаџмент и управување со квалитетот, Менаџмент на природни катастрофи и вонредни ситуации, МБА студии, Меѓународна соработка и развој.
Меѓу активностите се и истражувачки проекти и студии значајни за мирот и развојот, научни средби, симпозиуми, конференции, курсеви и семинари, објавување периодични списанија, книги и трудови од научните средби, студии и други научни трудови, придонесува за мир, разбирање, соработка, национално и меѓуетничко помирување, верска толеранција, решавање на конфликтите и безбедноста.
Заинтересираните кандидати за повеќе детали може да се информираат на веб-страниците: www.ecpd.org.rs и www.ecpdorg.net, во ЕЦПД Регионален институт за развојни студии на ул. „Наум Наумовски Борче“ 50/2-16, 1000 Скопје, на мејлот: ecpdrirs@t.mk и на телефоните: 02 6090 290 и 071 908 630.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
