-->
-->
Хорор во Ѓорче Петров: Тинејџер (17) избоден во 22-ка, двајца приведени
-->
Вчера околу 23,15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека во Автобус на ЈСП бр.22, кој сообраќал на релација Центар –Волково, во близина на Поликлиниката - Ѓорче Петров, по претходна вербална расправија на две групи, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка.
Притоа лицето Н.М. (17) од Скопје се здобил со телесни повреди нанесени со нож (две посекотини на десната нога) по што е пренесен во болницата “8-ми Септември“ каде што му е укажана лекарска помош и е пуштен дома.
Потоа Н.М. отишол во полициска станица и дал изјава за настанот. Две лица се приведени во Полициска станица.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава