Македонија
16. July 2018 - 16:12

Се бара прaвда за Саздо - Обвинителството без одлука

Полицијата се уште не го пронашла  третиот осомничен напаѓач на Никола Саздовски. По 3 недели откако момчето беше претепано до смрт, првиот човек на МВР вели дека имаат некакви сознанија. Спасовски не открива дали лицето е надвор од државата.

Од јавното обвинителство и денеска велат дека истрагата е  сеуште во тек.  Пристигнат е обдукцискиот наод, се сослушуваат сведоци, се прибираат докази и се вршат вештачења. Оттаму велат  нема рок до кога треба да биде донесена јавно обвинителска одлука.

На обвинувањста од опозицијата дека Скопје е не безбеден град за живеење, Спасовски тврди дека нивото на криминалитетот е драстично опаднат за разлика од времето кога ВМРО ДПМНЕ ја воделе државата. 

21 годишното момче Никола Саздовски беше претепан до смрт на автобуска постојка во Автокоманда додека чекал автобус. Три лица околу 17 часот попладне излегле од автомобил и го претепале. Тој бешше во кома од моментот кога бил пренесен на клиниката и по 10 дена борба на лекарите да го вратат во живот, Саздовски им подлегна на повредите.