Во Струмица одбележан Светскиот ден на крводарителите
Општинската организација на Црвениот крст на Струмица вечерва со доделување дипломи и благодарници на дарителите кои најмногу дарувале крв го одбележа Светскиот ден на крводарителите.
На рекордерот Делчо Ѓоргиев од струмичкото село Добрејци му беше доделена посебна благодарница за неговите 75 дарувања крв. Тој доби и признание за мотиватор за унапредување на крводоратилеството.
- Прв пат дарував крв во 1970 година. Почнав да дарувам како средношколец, потоа како војник и потоа во текот на сите мои 65 години. Сега сум пензионер и понатаму ќе дарувам крв. Кога и да ме повикаат веднаш ја пружам раката, вели Ѓоргиев.
Тој вели дека според неговата евиденција има дарувано 102 пати крв, но според официјалната евиденција има дарувано 75 пати.
- Тоа не е важно. Важно е да ја даруваш драгоцената течност. Не е битна бројката. И еднаш во животот некој да дарува крв мислам дека е доволно за сите на кои им е потребна. Последниот пат кога дарував крв и реков на сестрата: Јас ќе бидам благодарен мојата крв да биде неискористена. Таа се зачуди и ме праша зошто. Јас и одговорив дека така ќе биде најдобро, односно никој да не се разболи и да нема потреба од крв, рече струмичкиот рекордер во дарување крв, Делчо Ѓоргиев.
На свеченоста им беа врачени признанија и благодарници на сите крводарители, кои досега дарувале крв по пет, десет, дваесет, педесет и седумдесет и пет пати.
Инаку, во првите шест месеци во Струмица се евидентирани 300 дарувања крв. Ова бројка, според секретарот на Општинската организација на Црвен Крст, Маријана Тошева, е помала бидејќи во тој период резервите од крв биле на потребното ниво.
Ново на Сител
-
Изречени 117 санкционирани возачи во Скопје
-
Бајден: Во претседателската трка сум до крајот, не се откажувам
-
Французите протестираа против десницата
-
Ураганот Берил ја погоди Јамајка и ослабен се упати кон Мексико | ВИДЕО
-
Променливо облачно, во западните и крајните источни делови со локален дожд
-
Нa Табановце и Богородица за излез од земјава се чека 30 минути
-
Во Скопје утре ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци
-
Трипуновски: Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15 илјади тони пченица исклучиво од македонско производство