Таравари тврди дека добил закани по неговиот живот и семејството
Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари добил закани по живот за него и неговото семејство и тоа го објави синоќа на својот Фејсбук профил.
Заканите, како што напишал Таравари ги упатило лице познато по неговото криминално досие и учествувал во нападот на наставници во гостиварската гимназија.
- Ти не си само мој непријател, ти си непријател на цел Гостивар. Не сакав да ти посветам толку внимание, бидејќи ти си жртва на политичко-мафијашки феномен. Поединци како тебе се големи должници на правдата и време е да си го платите тој долг, стои во објавата на Таравари на неговиот Фесјбук профил.
Таравари вели дека случајот ќе биде пријавен пред органите на правдата и дека ќе бидат известени сите амбасади, институции и меѓународната политичка јавност.
Со осуда на заканата по живот на генералниот секретар на Алијансата за Албанците и градоначалник на општина Гостивар, се огласи и раководството на матичната партија, зад која како што наведуваат, стои политичка партија.
- Овој срамен чин, заканата по живот, ја покажува темната страна на ДУИ и нивните партиски експоненти, кои заштитени од законот, си дават право да дејствуваат како локални шерифи, и да одат толку далеку дури со јавно заканување на градоначалник, избран од страна на легитимните гласови на своите граѓани, стои во соопштението на Алијансата за Албанците.
Од партијата на Таравари бараат полицијата и обвинителството, како и сите други релевантни институции, што е можно поскоро насилниците да се изведат пред лицето на правдата.з
Ново на Сител
-
Скопје утринава се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот
-
Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија
-
Во Баку почнува Самитот на ОН за климатски промени
-
Во Белград е планиран протест на српската опозиција поради трагедијата во Нови Сад
-
Трамп разговараше со Путин за брзо решавање на војната во Украина
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен слаб дожд
-
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Куба