Сурои: Хашим Тачи е неук човек, па зборува за компромиси со Белград
Косовскиот писател и публицист Ветон Сурои смета дека претседателот на Косово, Хашим Тачи е неук човек и затоа дава бесмислени изјави во врска со преговорите со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
- Тој е неук човек и зборува такви работи. Ние немаме потреба да говориме за компромиси, ниту за што било друго. Треба да зборуваме за основите за еден мировен договор со Србија, изјави Сурои во интервју за ТВ Дукаѓини.
Според Сурои, договорот со Србија треба да биде сеопфатен, „да ги третира прашањата од иднината и од сегашноста, но и прашањата од минатото“.
- Не можеш да речеш некому дојди продавај на мојот пазар, додека тој во исто време гради црква врз масовна гробница. Има некои работи кои Европската унија ги има видено и препознаено, изјави Сурои во врска со слободната трговија меѓу Косово и Србија.
Ново на Сител
-
Трамп ја номинира Пем Бонди за јавна обвинителка откако Мет Геjц се повлече
-
Ким Џонг-Ун ги обвини САД за провокации и засилување на тензиите
-
Облачно со врнежи од дожд, ќе дува засилен јужен ветер
-
Состојба на патишта
-
19 годишник со „сеат алтеа“ удрил во женско лице кое починало на лице место
-
На 20-та собраниска седница, изгласани неколку предлог-закони во прво читање
-
Утре ќе биде нормализиран сообраќајот во Скопје
-
Приведени пет лица во Тетово - Одземени 450 грама марихуана | ФОТО