Животот после куќата на ГБ: Стефани едвај чекала да запали џоинт!
Стефани се му опрости на Ервин, а поради сексот не жали бидејќи е слободна девојка и тврди дека не и сметало тоа што тој е женкар.
Стефани ја напушти куќата бидејќи како што вели таа, неможела повеќе да издржи да живее со карикатури, а доколку останела вели дека би можела да направи голем хаос.
- Подобро не сум се чуствувала, најдобро на светот а кој не би се чуствувал после 43 дена изолираност, вели темпераментната Стефани додавајќи дека не жали што ја напуштила куќата.
- Сакав одамна да ја напуштам, но останав поради телефонскиот разговор со мојата мајка. Кога и дозволиле да ми се јави, успеа да ме убеди да се прeдомислам, но само после половина час мозокот ми пукна. Си мислам, мајка ми мисли како се тоа е убаво и добро, но повеќе не можев да издржам.
Се одлучила да се врати дома бидејќи од се и било доволно, и знаела дека нема да може да издржи со луѓе кои цело време оговараат и прават се за да победат.
- Ми беше преку глава од тие луѓе, викања, празни мубаети, неискреност, дволичност, оговарања, што би рекла Зорица, а сите во куќата еден со друг неможат органски да се поднесат. Такви работи не сакам. Видов дека ќе експлодирам, знаев дека ќе експлодирам ако останам - раскажала Стефани откако се вратила во родниот Сплит.
Во куќата неколку пати била на психолог, но не сакала да открие за што разговарале.
- Не можам и не сакам, тоа е моја приватна работа. Кога ми требаше разговор одев кај психологот, потоа се чуствував подобро - кажала Стефани додавајќи дека не се доверува на никој, туку разгoвара само со оние кои ќе ја разберат.
- Кога дојдов дома ме фати пролив, мајка ми ме гушкаше, а јас постојано и велев: "Mамо, не можам". Бев во тоалетот 20 минути, дури потоа излегов ја гушнав и испивме кафе заедно.
- Многу ми недостигаше како и целото мое семејство - расажува Стефани.
Кога заминала да спие не можела да заспие. Сакала да се одмори ден, два па потоа да види што понатаму. После заминувањето од куќата на Големиот Брат нема намера да го следи шоуто.
- Доколку имам можност ќе гледам, само за да се насмеам. Гледав малку кога се вратив дома. Во животот се немам смеено толку, тоа се тешки глупости. Семејството Васиќ ме разочара, станаа најодвратните луѓе во куќата, нека Бог им помогне - додала Стефани.
Во шоуто би се вратила само поради фановите.
- Можеби тоа би го направила поради публиката и фановите кои ме подржуваат, иако шансите да се случи такво нешто се 1 процент. Луѓето ме подржуваат, единствено поради нив ми е жал што не останав во куќата, но што е тука е - раскажала Стефани додавајќи дека парите не и значат ништо.
- Влегов во куќата со 50 липи кои ги фрлив во базенот, излегов без нив. Не ми треба ништо. Никогаш не ми било подобро во животот. Се чуствувам како да имам освоено Евроџекпот, а немам еб**а липа. Тоа е најбитно, човекот да се чуствува добро и без пари.
Во најдобро сеќавање ќе и останат Зорица и Горан, но и Ервин со кого се зближи на почетокот на шоуто.
- Жал ми е, не му замерувам ништо - коментирала Стефани. Сега кога ќе размислам незнам ни самата како се случи тоа, надвор од куќата ние никогаш не би успеале заедно.
За нивната љубов вели дека е платонска, а се сексале само поради изолација.
- Доколку Ервин не инсистираше, и доколку не бев пијана, измеѓу нас немаше да се случи ништо. Се случи, не се каам поради тоа, ме боли к**, слободна девојка сум и можам да правам што сакам. Јадни тие што не се сексаат, не би сакала да им бидам во кожата - вели Стефани додавајќи дека не е точно дека ја напуштила куќата бидејќи Ервин почнал да и се додворува на Барбара.
- Тоа ми сметаше кога ги гледав додека бев кај Раде и Рада Васиќ, но после тоа почна да ме боли к** - изјавила Стефани.
За Барбара уште во куќата кажа дека се е** за пари, и сеуште стои зад нејзините зборови.
- Се гледа од она што го покажува која е она - вели Стефани, на чија страна застана и пријателката на Барбара, Сораја. Таа во студиото на Големот Брат кажа дека Барбара му дава сигнали на Ервин.
Иако во почетокот и беа драги, најомразени станари и се семејството Васиќ кои зборуваат едно а зад грб зборуваат друго и ги расипуваат односите кои станарите ги имаат. Стефани исто така дојде и до расправија со Мирјана која ја оптужи, дека е зависна од дрога.
- Тоа се глупости. Пијам како секој обичен млад нормален човек, викенд кога ќе искочам. Пушам трева, тоа ми е врв, ме смирува. Кога излегов од куќата пријателите ме почастија со џоинт - завршила Стефани.
Ново на Сител
-
Десетици вооружени хулигани запалија трамвај во Амстердам
-
На Попова Шапка најстудено - 5 степени, во Гевгелија најтопло со измерени 7
-
Без вода корисниците на улиците „Финска“ и „Христо Татарчев“
-
Собранието ќе ја започне 19. седница, ќе се гласа за доекипирање на ДИК
-
Суд во Рим повторно нареди враќање на мигранти од Албанија во Италија
-
Северна Кореја го ратификуваше одбранбениот договор со Русија
-
Во Германија уапсен тинејџер под сомнение дека планирал терористички напад
-
Состојба на патиштата