ВМРО-ДПМНЕ: Економското цунами во Македонија продолжува
Пратениците на СДСМ и ДУИ успеаја да ги спасат Зоран Заев и врхушката околу него и со кревање на рака им овозможија да ја злоупотребуваат власта и понатаму. Пратениците на СДСМ и ДУИ не ги интересираат маките на граѓаните и секојдневното осиромашување. Тие не го послушаа гласот на граѓаните и се ставија во функција на Заев и неспособната влада овозможувајќи им и натаму коруптивно богатење.
Економското цунами во Република Македонија продолжува.
Република Македонија тоне во долгови а тоа СДСМ го крие од граѓаните.
Министерството за финансии манипулира со бројките. Кај нив државниот долг сеуште стои на 38.7% наместо реалните 40.7%
За 200 милиони евра граѓаните во Република Македонија се позадолжени во 2017 година споредено од тоа што биле во 2016 година.
Уште еден поразителен факт пристигна од Светската Банка. Наместо предвидениот раст на македонската економија за 2018 година од 3,2% тој сега е намален на 2.3% или 100 милиони евра помалку пари за граѓаните на Република Македонија споредбено со 2017 година.
Просечниот очекуван раст во периодот од 2017 до 2020 година е катастрофален и е директна последица на ова економско цунами. Тој ќе изнесува околу 2 % што е многу далеку од 5% што беа ветувани за време на кампањата од предвремените парламентарни избори во 2016 година.
Опстојувањето на оваа влада предводена од СДСМ и Зоран Заев не е резултат на реалното расположение на граѓаните туку е резултат на бројка во парламентот и непринципелни коалиции.
Оваа катастрофална економска политика на владата предводена од СДСМ мора да престане.
Граѓаните стануваат посиромашни, стандардот станува се покатастрофален, а ветениот живот никако да стигне.
Оваа влада мора да си замине и конечно да дојде нова надеж за Република Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени