УХМР: Висок водостој и бранови на Охридско Езеро
Поради најавениот ветер и за денеска се очекува појава на бранови на Охридското Езеро како и да продолжи високиот водостој. Нема опасност од излевање на реките, но се предупредува на внимателно движење покрај нив, како и покрај суводолиците, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Охридското Езеро денеска бележи водостој од 26 сантиметри над дозволениот максимум, додека Дојранското Езеро е на седум сантиметри под границата на дозволениот максимален водостој. Силниот југозападен ветер и високото ниво на Охридското Езеро предизвика локални излевања долж неговото крајбрежје поради појавата на бранови.
Поголеми проблеми не се предизвикани, освен на местата каде нема физичка можност водата сама да се врати во езерото, а Колекторскиот систем за негова заштита нема доволно капацитет наеднаш да прими толкави количини. Со намалувањето на брзината на ветерот ситуацијата се нормализира и водата повторно се врати во езерото.
Од брановите повторно настрадаа некои угостителски објекти поставени на самата крајбрежна линија на потегот од градското пристаниште кон Канео. Тоа се истите критични точки каде со човечка интервенција е навлезено внатре во просторот што е под вода во вакви неповолни хидролошки прилики и услови на висок водостој на езерото. Оштетени се одредени стари дрвја, некои ламаринени покриви, а ветерот откорна и дел од трската кај локалитетот Мазија.
Екипите на ЈП „Охридски комуналец“, како и минатиот пат кога овој регион го зафати силен ветер, и сега од раните утрински часови работат на отстранување на ѓубрето што езерото го исфрли на брегот.
Утринските податоците од хидролошките станици низ земјава не покажуваат зголемувања на водостојот во однос на вчерашниот, освен некои благи и незначителни покачувања на дел од водотеците. Исто така, забележано е и минимално зголемување на водостоите на природните езера во држава.
- Можно е благо зголемување на водостоите на дел од водотеците низ земјава во текот на денов, но тоа не се очекува да биде значително и со оглед на фактот дека интензитетот на врнежите полека стивнува и се очекува целосно да престанат во текот на денот нема опасност од евентуални излевања на реките, информираат од УХМР.
Според податоците од метеоролошките станици најголеми количини на дожд за 12 часа, до 8 часот изутрина наврнале во Пожаране, Маврово, Битола и Тетово. Тие врнежи предизвикале зголемување на водостојот на реките, најмногу на оние во западните делови од земјата.
Зголемен водостој во однос на просекот за април има Вардар кај Јегуновце, Зајчев рид-Скопје, Велес и кај Демир Капија, Треска кај Македонски брод, Пчиња кај Катлановска бања, Струмица кај Сушево, Црна Река кај Новаци, Црн Дрим кај Ложани, Сатеска кај Ботун,..
УХМР во временската прогноза за денеска најави засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец, повремено со брзина до 80 километри на час, која кон крајот на денот ќе се намали.
Од утре до среда времето ќе биде претежно сончево, адневната температура ќе биде во пораст. Нов влажен бран со врнеќи од дожд се очекува кон крајот на работната седмица.
Ново на Сител
-
„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина
-
Зеленски: Украина треба да ја зајакне противвоздушната одбрана за да ги заштити луѓето
-
Мицкоски: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит за компаниите
-
Владата на Србија му го одзеде имунитетот на Горан Весиќ
-
Изборниот материјал во Албанија и на македонски јазик
-
Лишен од слобода крадец во тетовско
-
Во Неготинско физичка пресметка помеѓу татко и син
-
Песков: Указот на Путин за промена на нуклеарната доктрина може да се смета за сигнал до Западот, ништо не е случајно