-->
-->
Мурињо: Матиќ ја има загубено самодовербата
-->
Шампионот на Англија, Челзи вечерва го игра натпреварот од 3.коло од Лигата на шампионите. „Сините“ гостуваат во Киев кај Динамо и по две кола имаат една победа и еден пораз.
Покрај тоа избраниците на Мурињо не се на нивото од претходните сезони и во Премиер лигата каде се наоѓаат на 12 место со 11 бодови или 10 помалку од лидерот Манчестер Сити.
Еден од играчите кои не играат во посакуваната форма е и Немања Матиќ.
- Самодовербата е клучна. Матиќ на дуелот со Астон Вила по лошото додавање веднаш покажа разочарување. Тоа не се прави кога имаш самодоверба. Мораш да бидеш мирен, истакна Мурињо.
Матиќ во оваа сезона играше на 10 натпревари, на некои влегуваше од клупата за резерви, а постигна еден гол во Премиер лигата против Евертон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи
-
Приведен дилер во Куманово
-
Приведен крадец во Маџари
-
Мицкоски најави прва инвестиција во вторник
-
Почна пленарната седница за избор на владата