Бачев: Албанците во Македонија се 14 отсто, во Влада се над половина од вработените

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев денеска на прес-конференција изјави дека бројот на Албанците во Македонија е 14 отсто, но за потребите на прес-конференцијата ја користеше официјалната бројка од 25,17 отсто.
– Зоран Заев секојдневно ја повторува фразата „едно општество за сите„ во кое треба да има соодветна и правична застапеност и на Албанците. Меѓутоа, во заднина се случуваат работи кои не ги гледаат оние кои не се наоѓаат зад сцената. А токму зад сцената, Заев за десетина месеци изврши вистински масакр во државната администрација, бидејќи, бројот на Албанците во некои институции надмина и 50 отсто кое нешто е надвор од рамката на рамковниот договор, рече Бачев.
Тој кажа дека во македонската влада од 2.722 вработени, Албанци се 1.535 или 56,4 отсто, додека Македонци се 672 или 24,7 отсто, додека останатите се од другите етнички заедници.
– Во министерството за локална самоуправа дури 57 отсто се административци – Албанци, во министерството за економија 34 отсто, во министерството за животна средина и просторно планирање 30 отсто, во министерството за здравство 44 отсто, во министерството за култура 33 отсто, во министерството за образование и наука 28 отсто, во министерството за правда 30 отсто. Единствена Македонија располага и со податоци според кои од 30 до 70 отсто се административци – Албанци и во повеќе самостојни државни органи (агенции, дирекции, комисии, заводи), како и во западниот дел во земјата во голем број посебни јавни установи и други правни лица, казнено поправни и воспитно поправни установи, јавни претпријатија, центри за социјална работа, единици на локална самоуправа, установи од јавното здравство, јавни културни установи, библиотеки, театри, музеи, основно, средно и високо образование, фондови… Потребно е многу време во сите овие спомнати институции да цитирам конкретни проценти на застапеност на Албанци, но, со еден збор, поразително е што во овие институции бројот на Албанците се движи од 30 до 70 отсто-административци, рече Бачев.
Тој додаде дека во моментот имало окупација на државните органи и институции со административци Албанци
– Произлегува дека Република Македонија е уникатен пример, каде мнозинскиот македонски народ е изложен на дискриминција од страна на едно малцинство, во случајов албанското. Треба ли повеќе да се зборува, како што веќе спомнав, замислете, во Владата на Република Македонија 56,4 отсто се вработени-Албанци, а 24,7 отсто се вработени-Македонци. Рамковниот договор, кој и понатаму останува длабоко трауматичен за македонската национална свет, се спроведува на штета на Македонците. Единствена Македонија и македонскиот народ очекуваат одговор од Зоран Заев, зошто спроведува брутална албанизација во државните органи на Република Македонија, рече Бачев и додаде дека не попречуваат нечие право на вработување.
– Новата легална власт на Единствена Македонија ќе спроведе обратен процес на масовно бркање на Албанците од работа. Исто така, новата легална власт на Единствена Македонија ќе ја сосече во корен праксата на полнење на администрацијата според проценти, и доследно ќе го спроведе правилото-вработување во администрацијата врз основа на знаење, способност и достигнување, заврши Бачев.
Ново на Сител
-

Судијата Кацарска на меѓународна конференција во Црна Гора за европската интеграција, владеење на правото и ВИ во судството
-

„Focus on the Road“- Засилени контроли на МВР за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот
-

МЗ: Се очекува вакцините против грип да бидат обезбедени во текот на месецов
-

Во септември во Скопје заловени 172 кучиња од улица, 124 кастрирани и стерилизирани
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена“
-

Македонија, Србија, Грција и Бугарија ги интензивираат регионалните енергетски врски и новите коридори за снабдување
-

Светската банка ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,2% за 2026 година
-

Белодробна чума?: Мистериозна смрт на вработена во анти-чума лабораторија во Иркутск
