Илјадници на протестите во Скопје со кои се бара прекин на преговорите за името
За името и идентитетот на нашата земја Македонија, не смее да се преговара. Не може иднината на македонскиот народ да ја кројат оние кои не ја познаваат нашата историја, порачаа илјадниците Македонци кои денеска учествуваа на сенародниот протест на Плоштадот Mакедонија во Скопје, организиран од движењето “Нашето име е наше право”.
Организаторите на протестот изразија незадоволство од односот на политичките елити, кои според нив, ги загрозуваат националните интереси на Македонија, со пораките дека има национален консензус за промена на името.
Граѓаните кои го поддржаа денешниот протест упатија пораки за сплотеност и единство во бобата за зачувување на националниот идентитет и уставното име.
Освен во Скопје, протести во организација на движењето “Нашето име е наше право” денеска се подржаа и во 14 други градови низ Македонија.
-

Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар
