Битолчанец заработи 30-дена притвор за производство и пуштање во промет наркотични дроги
- Полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство-Битола против битолчанецот О.П.(30) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Судија на претходна постапка од битолскиот Суд, на пријавениот му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.
Пријавениот, како што информира денеска МВР, подолг период од непознато лице, во поголеми количини, набавувал наркотични дроги хероин и марихуана, кои во неговиот дом ги препакувал во помали пакувања и ги продавал на зависници.
На 28 февруари годинава, по претходно добиена наредба од Основен суд-Битола, бил извршен претрес во дом и други простории, како и во возилото на О.П.. При претресот, биле пронајдени и со потврда биле одземени три најлонски пакувања со хероин со маса од 74,08 грама, едно најлонско пакување со марихуана, дигитална вага со траги од хероин, една дробилка со траги од марихуана, како и банкноти во различни апоени во висина од околу 57.000 денари
Ново на Сител
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
-

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари
-

Сончево со локална облачност
-

Трамп евакуиран по пукање на новинарска вечера во Вашингтон – едно лице повредено
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
